речник контакт

Учесници од пет држави работеа на летните школи за конзервација и реставрација на керамика, стакло и мозаик на локалитет Стоби (фото)

Работилницата за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозаик е во соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Стара Загора, Бугарија

Петар Печков

На археолошкиот локалитет „Стоби“се одржа  работилница за конзервација и реставрација на римска керамика,  стакло и мозаик, на која учествуваа 14 студенти, по седум за керамика и стакло и седум за мозаик.  

По воведните предавања, кои се однесуваа на историјата на Стоби, историјата на керамика, карактеристики на глина и керамика и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работеа и конзервација на керамички садови - реплики на римски садови.

„Учесниците работеа две седмици на конзервација на керамика и една на конзервација на стакло. Работеа на автентични керамички садови пронајдени на археолошки локалитет Стоби“ - кажа Јанкуловска Пеева.  

Во работеше и на  конзерваториските активности во рамки на работилницата за документација и конзервација на мозаик. Учениците работеа на конзервација на околу 200 делови од мозаик, пронајдени во просторија во близина на храмот на Изида. 

Работилницата се реализираше под раководство на Томе Филов, конзерватор за мозаик од НУ Стоби и Алесандро Лугарди, конзерватор за камен и мозаик од Италија.

„Се работеше на лабораториски истражувања и конзерваториски интервенции на ѕиден мозаик, пронајден на   една од просториите на објектите од археолошкиот локалитет. Ова што се работи очекувам да се вратат назад на оригиналната местоположба, но откако тој објект ќе биде исчистен и консолидиран“ - кажа Филов.

Работилницата за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозаик е во  соработка со Фондацијата „Балканско наследство“ од Стара Загора, Бугарија која трае од 2010 година.

Годинава 14 учесници доаѓаат од пет држави, САД; Австралија, Кина, Нов Зеланд и Ирска.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »