речник контакт

Учесниците на 16-тата Вардарска регата допловија до Гевгелија (фото)

По еден век гемијата повторно пловеше по Вардар. Сонцето и ветерот најголем проблем за учесниците.

Петар Печков

Стотината современи Гемиџии, по четири дена пловење, попладнево стигнаа во Гевгелија. Ветерот годинава не беше сојузник на учесниците, оти дуваше спротивно на правецот на пловење,  што сите четири дена ја отежнуваше пловидбата.  Проблеми создаваа и  високите температури и жешкото сонце, кое ги ,,испече,, гемиџиите.

  Со големи напори  Гемиџиите стигнаа до Гевгелија, откако во четвртокот тргнаа од Велес. Попатно ноќеваа во воениот полигон во Криволак, во Демир Капија и во  Марвинци.

На оваа 16-та по ред Вардарска регата,  за четири дена учесниците минаа 120 км а меѓу нив имаше и припадници на воената полиција на АРМ, на единицата за брзо распоредување при МВР, пожарникари, подмладокот на Црвениот крст. За прв пат по еден век по Вардар пловеше и гемијата, која беше специјално изработена за оваа пригода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »