речник контакт

Училишната сала, каде беше вакциналниот пункт, не добила ниту денар од општината, иако било ветено дека ќе ја одржува но и реновира по неговото затворање

Cе што се работело таму, било со човечки, материјални и финансиски средства од училиштето „Коле Неделковски“

Петар Печков

Иако беше ветено дека спортската сала во која беше вакциналниот пункт во Велес, во летото 2021 година, ќе биде одржувана и обновена од средства од локалната власт, самото средно  училиште, „Коле Неделковски“ ги сносело трошоците. И по година и пол од нејзиното користење, училиштето нема добиено никакви финансии. Овој проблем го актуализираше на седница на Советот, нејзиниот член Пандорка Прличков.

„Во вашето училиште, во спортската сала, беше лоциран вакциналниот пункт за ковид -19. Имаше одлука на Совет, по затворањето на пунктот, дека треба да се реновираа и среди салата. Дали тоа се случи?“ праша Прличкова.

Вакциналниот пункт беше отворен на 25 мај а затворен на 31 август 2021 година. Директорката на средното училиште „Коле Неделковски“ Весна Стојанова Богоевска, објасни дека се што се работело таму, било со нивни средства и човечки, материјални и финансиски.

„Во мај  за две недели ја приспособивме  салата за вакционален пункт. Од отворањето до неговото затворање, општината не даде ниту еден денар. Ниту ја плаќаше електричната струја, која изнесуваше  10-15 милиони денари месечна сметка,  не ги плаќаше ни општината, ниту министерството за здравство. Сами белевме, чистевме, одржувавме прострии за вц.  Техничкиот персонал од  училиштето,  беше задолжен за одржување на хигиената, ниту средства за хигиена некој ни набави. Чистењето по затворањето на пунктот, сами работевме“- кажа директорката Стојанова Богоевска.

Во салата имаше бројни реклами на фирми од Велес, кои тогашниот градоначалник ги пофали оти помогнале во отворањето и работата на вакциналниот пункт. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »