Петар Печков
Објавено: недела, 26 јуни 2016
Традицијата на училишните фотографирања е долга век и повеќе. Ова може да го потврдат фотографиите до кои дојде ТрМр а кои се наоѓаат во семејните албуми на велешани. Две од нив се мошне стари едната е од 1914-та а втората е нешто ,,помлада,, за некоја година околу 1918/19 година.
На првата се гледа и датумот дека е фотографирана 6-ти јуни 1914-та и која е сопственост на Оливера Ѓоргиева а на фотографијата е нејзиниот дедо Трајко Карабуништанов татко на мајка и. Втората фотографија од 1918 година сопственост на фамилијата Алачови , исто така од Велес и на неа е фотографиран и Коста Солев (втор од лево во прв ред).
Двете фотографии се од тогашното,,турско школо,, денес Св. Кирил и Методиј и двете на т.н. машки одделенија, бидејќи тогаш машките деца и девојчињата учеле башка, одвоени едни од други. Третата фотографија е од завршувањето на учебната 1944/45 од штотуку слободниот Велес, повторно од училиштето Св. Кирил и Методиј, но тука се забележува дека се учениците мешани и машки и девојчиња, нивна учителка била Слоботка Карабуништанова.
Со истата учителка има фотографија од учебната 1947/48 година исто така од Св. Кирил и Методиј од Велес. И последната фотографија е од според тогашното рангирање трети клас –женски, денес седмо одделние, велешка Гимназија, од учебната 1949/50 година.
Tweet |