речник контакт

Училишните клупи во Бузалково трет ден празни

Родителите со бојкот на наставата на учениците бараат училиштето да биде централно и настава да одржуваат Албанци

Петар Печков

Трет ден не се одвива наставата на учениците од подрачното ОУ во село Бузалково. 442 деца кои учат од прво до осмо одделение,  не се во клупите, туку ја бојкотираат наставата. Тие не ги прифатија  понудените решенија ни по вчерашната посета на заменикот министер за образование, Сафет Незири.

Бојкотот  продолжува се до исполнувањето на барем некој  од нашите барања. Тоа што вчера  министерот го најави дека ќе се случи  од 1-ви декември, за нас е неприфатливо. Бараме  веднаш да се започне со настава на албански јазик – велат од Иницијативниот одбор на родителите на учениците до село Бузалково.

Тие во понеделникот, кога започна бојкот побараа  училиштето во Бузалково од подрачно да стане централно, како и сите наставници и професори да предаваат на албански јазик. Ова второто го образложија со тоа што нивните деца, кога ја продолжувале образованието во  средно училиште немале доволно знаење, бидејќи учеле на македонски. 

Од ОУ Васил Главинов, во чии рамки работи подрачното ОУ во Бузалково, објаснуваат дека  тие не можат да најдат соодветен наставен кадар, кој ќе може да предава на албански јазик, по одделени предмети и затоа сега таму предаваат на македонски јазик. Заради надминување на бојкот во вторникот попладне во Велес дојде и заменикот министер за образование

На 1 декември  им истекува рокот на оние кои се на договор на дело, во овој следен период  треба да се објави  конкурс  и  да најдеме соодветен наставен кадар од било кои места од Македонија, по неколку наставни предмети, за да дојдат и да им предаваат на учениците  кои имаат големи проблеми да ја совладаат материјата - изјави Сафет Незири, заменик министер за образование. ОУ во Бузалково има  346 ученика, 70 во селото Сливник и 26 во Клуковец.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »