речник контакт

Учутмови од Мелес, за смеење до солзи

Просечното стечајно семејство Учутмови од Мелес и сите нивни авантури во хумористичната радио серија ,,Учутмови,, на радио 5ФМ

Петар Печков

Семејните авантури на семејството Учутмови од Мелес е темата на хумористичната серија која во производство на радио 5ФМ ќе можете да ја слушате наскоро.

Ристо и Трајанка  Учутмови имаат желба нивниот татко односно свекор Лефко Волот да добие спомен обележје во родниот град и за тоа ја користат скорешната изборна кампања. Двајцата лути кандидати на нашите и нивните, Ветров и Котевски, заедно со  мноштвото локални  ликови, авторитетот Кадиев, претставникот на УПЛАВ Прстиќ,  шармантната новинарка Краснца Лепотиќ, и дузина други ќе ве насмеат до солзи.

Емисијата со првата епизода, во траење од 15-тина минути,  ќе започне да се емитува в четврток во 15,20 а репризата е следниот ден петок, во утринската програма после 10 часот.  Во првата епизода ќе се делат  годишните награди дај ми на ти.. 

Авторите на сценариото велат дека секое препознавање со ликовите и состојбата е чиста случајност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »