речник контакт

Ушното и очното одделение се припоија

Администрацијата од Уред се сели во Болница, па сега очно и учно работат заедно. Ова предизвика реакција на началникот на ОРЛ

Петар Печков

Припојувањето на очното и ушното оддление од велешката Општа Болница, предизвика реакции кај началникот на одделението за ОРЛ. Докторката Смилева не се согласува тие две да бидат заедно. За неа тоа ќе се одрази врз лекувањето на пациентите, бидејќи имале на располагање две соби,  но и на   квалитетот на оперативните зафати.

По ваквата одлука за припојување  не можам да направам оперативен план. Денес оперираме крајници или синуси, а следниот ден колегите од очно ќе  оперираат катаракта. Згора на тоа велешката Болница покрива голем регион, каде ќе ги сместуваме пацинетите,  во постојните  шест кревети. Има периоди кога нема пацеинти, но има  периоди со епидемии – вели  д-р Мирјана Смилева специjaлист по орална медицина.

Сега, со новиот распоред  двете одделенија се на десното крило, додека левото е ослободено за администрацијата, кој досега работеше во зградата на ЈЗУ Здравствен дом, во центарот на градот, подалеку од Болницата. Таа сега се дели на петиото кат од оваа здравстена институција,з ради целина на улугите. Директорот на велешката Општа Болница објаснува дека спојувањето на двете оддленија  е сторено по минатогодшниот скрининг на Министерството кое констатирало ниска искоритеност на капацитетите.

Овие две одделенија имаа исполнететост од 20 отсто по што просторно ги обединивме.  Години наназад тие не беа слабо  користени.  Сега имаат на располагање 14 кревети заедно а  досега имаше по два пациенти на одделение. Јас како директор сум должен во вакви случаи да постапам кон припојување и рационално користење.  Болницата мора да се модернизира а докторите да се едуцираат а оперативните зфати да се усовршуваат  – изјави д-р Атанас Василев директор на Општата Болница Велес.  

Од неодамна  Диспанзерот за туберкулозни болести е преместен и работи  во Општата  Болница Велес. Пациенти кои ги користеа неговите услуги, во дотраената зграда близу ЕВН и Архивот, сега  треба да заминат во  Заразното одделение, каде му е отстапен простор.

На овој начин се обезбеди функционалност за пациентите а  се намалија и трошоците за работа.  Зградата  каде беше сместен е стара околу половина век, целосно  руинирана, во неа не може да се работи и заради пациентите  и персоналот  се пресели во нови простории. Та сега работи во две смени, што е исто новина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »