речник контакт

Уште 77 згради во Велес немаат заедница на станари

Во градот има 254 станбени згради

Петар Печков

Дел  од велешките згради   немаат назначено заедници на станари.  Надлежните предупредуваат дека законската обврска мора да се почитува  а тоа било во интерес на граѓаните.  Или  околу една третина од зградите во Велес, се уште не регистрирале заедница на станари.  

Во Велес има уште дел станбени згради,  77 кои немаат управител.   Сопствениците нека самите назначат, за да  не  се именува по присилен пат,  да се назначи управител. Подобро  самите да се организираат и да најдат управител или  претседател на заедница  која треба да се регистрира, такви се препораките од Агенцијата во Скопје  – изјави Златко Димов општински инспектор за домување.

На почетокот од годинава, локалната власт  во соработка со американска невладина организација Хабитат, беше обновен регистарот  на станбени згради.  Во Велес ги има 254 . Законската обврска вели дека станбена заедница треба да регистрираат згради со повеќе од осум стана.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »