речник контакт

Уште две нови имиња во ФК Борец

Аргентинец и Австралиец со македонско потекло, го засилија прволигашот од Велес

Петар Печков

Велешкиот прволигаш, ФК Борец на неговата ФБ страница објави дека се засилил со двајца нови играчи. И двајцата се  странци. Алекс Талески и Гонзало Зарате се нови фудбалери на ФК Борец 1919.

Талески  (21 год) е Македонец со австралиски пасош.  Тој по две години се враќа во македонскиот фудбал, откако во сезоната 2018/19 настапуваше за Вардар, а во Борец доаѓа од редовите на Данденонг Сити, клуб од Австреалија.  Талески потпиша двегодишен договор.

Ново име е и Гонзало Иван Зарате, 26-годишен Аргентинец, кој игра на неколку позиции во нападот, а доаѓа од Атлетико Хувентуд, Уругвај.

Подготовките засега фудбалерите ги извршуваат во Велес а во втората фаза, од 11-ти  јули заминуваат на Златибор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »