речник контакт

Уште две починати лица позитивни на ковид-19

Бројот на активни случаи во велешко е во опаѓање. Во Болница се хоспитализирани 11 пациенти

Петар Печков

И оваа седмица двајца починати пациенти  од последиците на ковид-19, лица кои биле згрижени во Инфективното одделение од велешка Болница. И двете се жени, кои во регистарот се водат од 2 август, на 86 и 74 годишна возраст, едната е  од Велес а втората од Градско. Со ова бројот на починати како последица на ковид заразата од велешко е 323 лица.  

„Во велешка Болница хоспитализирани се 11 пациенти, девет се на Инфективно а тројца на невропсихијатрија. Непотврдени случаи се два, негативни нема. Изминатите 24 часа се примени двајца нови пациенти а испишани нема. На кислородна поддршка се 4 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница. Од хоспитализираните лица, освен од Велес има пациенти и од Кавадарци, Неготино и Градско.

Изминатите 24 часа во Велес и велешко има регистрирани 33 нови случаи со ковид-19 а оздравени се 26. Бројот на активни случаи е  127 и бележи опаѓање. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »