речник контакт

Уште еден висок пораз за ФК Борец во Втората лига, овој пат од скопски Вардар

Висок пораз и за ФК Превалец во Третата лига, победа за ФК Локомотива од Градско. Женската екипа на ФК Борец на стартот од Првата лига загуби со 8:0 од ФК Деспина во Прилеп

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец во четвртиот настап во Втората лига забележаа четврти пораз. Овој пат од ФК Вардар во Скопје. Поранешниот шампион, сега второлигаш му ја наполни мрежата на велешкиот клуб, поразувајќи го со 6:0 (2:0).  По ова коло ФК Борец е последен без освоен бод и со гол разлика од -14, најслаба во лигата. Во следното коло, во Велес гостува екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, која има еден бод.

Во второто коло од Третата лига Југ, на првиот тест за квалитетот на екипата, ФК Превалец загуби убедливо со 5:0 од ФК Вардар во Неготино. Домаќините кои летово не успеаја во бараж да обезбедат пласман во Втора лига, најавуваат дека годинава имаат исто така високи амбиции, но и како лани во двете средби кога му ја наполнија мрежата на третолигашот од Превалец.

ФК Локомотива од Градско забележа победа со 3:0 над екипата на ФК Младост од прилепско Кривогаштани.  Така и двете екипи од ОФС Велес, ФК Превалец и ФК Локомотива имаат по една победа и еден пораз.  

Во следното коло во Превалец гостува лидерот ФК Големо Коњари додека  ФК Локомотива гостува во Канатларци, против истоимениот тим, кој има еден бод од две средби.

Стартуваше и женската Прва лига. Фудбалерките на Борец во Прилеп загубија од ФК Деспина со 8:0 (1:0).

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »