речник контакт

Уште еден одрон на карпи во Велес, среќа нема повредени

Само среќата и дебелите ѕидови на семејната куќа го спаси семејството Митровски од Велес од смрт, поради одронот на камења тешки стотици килограми.

Петар Печков

Само среќата и дебелите ѕидови на семејната куќа го спаси семејството Митровски од Велес од смрт, поради одронот на камења тешки стотици килограми. Во среда околу пладне на улицата Коле Цветков 119 се случила драма без последици, откако започнал одрон на карпи  кои се надвисуваат над повеќе домови во стариот дел на градот, кај Црна Џамија. Настанот го преплаши  семејството Митровски кое стравуваше фдека биле доведени во опасност нивните животи. Во критичниот момент, во 11 часот во задниот дел од куќата, била бабата Дара, која лежела в кревет.

- Наеднаш слушнав силна бучава и по неколку секунди тресок, мислев дека е земјотрес, бидјеќи целата куѓа се тресеше, ѕидовите од мојата соба напукнаа, лустерот се лулаше. Многу предмети испопаѓаа и се скршија. Колку што можам на овие години, набрзина изелгов од собата во тремот. Кога што да видам, огромни две крапи паднале во задниот дел од куќата – објаснува осудесет годишната Дара Митревска. Таа ни солзи го прераскажува настанот, кој вели дека бил најстрашен во нејзиниот живот, иако го преживеала и бомбардирањето на Велес во 1941-та.   Во тој миг во куќата биле двете  внуки и нејзиниот син Лазо. И тие беа под страс од одронот на карпите, кои малку требало да направат катастрофални последици.

- Среќа е што куќата е градена од камења, со ѕидови дебели по 70 цм, тие не спасија. Инаку овие две грамади кои паднаа, ништо не можеше да ги спречи. Кога започна тркалањето, помислив се отиде неврат – вели домаќинот Лазо Митревски. Тој ги покажува документите кои пред четири месеци ги доставил до локалната власт и Центарот за управување на кризи, бидјеќи летово при големите поплави од 8-ми август се појавил сличен проблем. Тогаш освен неговата, поплавени биле и куќите на соседите  Киро Ризовски и Димитар Колев. Карпата се надива над овие три објекти, и вчера по пуштањето на мразот кој почна да се топи,  обилните подземни води предизвикале да се случи одронот и ја оштетил куќата на Митровски. Тие со мислење дека вина за ова имаат диво населените соседи над нив.

- Пред една година се населија соседи над карпата во дивоградба. И оттогаш почнаа проблемите. Тие немаат канализација и отпадните води се слеваат без контрола. Тогаш почна да попушта карпата. За овој проблем ги алармиравме надлежните инспекции, кои ни рекоа дека треба ние, трите куќи, сами да си подигнеме потпорен ѕид, висок десетина метри. Наместо тие да ги санкционираат дивоградбите, ние треба да го плаќаме неработењето на инсепкциите – вели Марија Митревска, која возбудена од настанот се обидуваше да се смири со апчиња. Веднаш на терен излегоа и претставници на локланата валст кои највија дека ќе се бара решение за проблемот.

- Од Технолошки факултет  ќе побараме да проучат за  какви карпи станува збор и како тие да се отстранат. На Советот на општина Велес ќе предложиме  обештетување на станарите но и техничко решение за санација или елиминирање на опасноста од карпите – изјавија од комуналното одделение при општина Велес. Овој одрон на карпи е трет годинава кој се случува во градот, при што во опасност беа доведени животите на повеќе жители. Претходните две се случија во месноста Дервенски поток а на станарите им беше исплатена помош од по10 илајди денари.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »