речник контакт

Уште една обвинителка во велешкото Јавно обвинителство

Цветанка Новакова е избрана од Советот на Јавни обвинители за јавен обвинител во Велес.

Петар Печков

 На  седница на Советот на Јавни обвинители  по распишаниот конкурс ја избра за јавен обвинител Цветанка Новакова. Таа досега работеше како стручен соработник во Основниот суд во Велес.

Таа е избрана како јавен обвинител кој има завршено академија за обвинители. Новакова е трета обвинителка избрана во последната година во обвинителството во Велес, кое со проширените ингеренции на Основен суд во Велес, има зголемен обем на работа и го покрива целото Повардарие за тешките кривични дела.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »