речник контакт

Уште една победа, 11-та од 10 натпревари за кошаркарите на КК Борец баскет

Уште еден пораз за одбојкарите, ракометарите поразени во Струмица

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец во победничка серија, десетта победа до 11 натпревари. Нова жртва, на домашен терен во салата Гемиџии беше КК Шкупи, кој беше поразен со  78:65 (42:36). Во следното коло велешани претпоследно гостуваат во дербито за четвртата позиција од Втората лига, во Македонска Каменица против екипата на КК Баскет кам.   

Наспроти кошаркарите одбојкарите на ГОК Борец исклучително лоша лоша серија. Шести пораз по ред, загубија со максимални 0:3 во Скопје од домаќинот ОК Вардар.   Тие настапуваат во втората фаза од разигрувањето меѓу најдобрите е шест каде  според пласманот се најслаби.

Ракометарите на ГРК Борец загубија во Струмица од екипата на Астраинон Хендабал со 33:31 (16:15). Ова беше натпревар од плеј аут разигрувањето  и велешани беа во горниот дел од табелата пред почетокот, но токму од екипите кои се високо пласирани заедно со велешани не покажаа квалитет за успех.  По ова второто коло РК Борец падна на 4-тото место. Во седмото коло повторно екипа од горниот дел на табелата, второ пласираната РК Металург РА гостува во Велес и шанса за ГРК Борец да покаже дали е кадарен за висок пласам во оваа најслаба категорија од ракометот во Македонија.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »