речник контакт

Уште не е познато дали ќе се изнајмува или ќе се продава деловниот простор од новиот покриен градски пазар (фото и видео)

Има 19 дуќани, деловни простории, канцеларии за вработените од ЈКП Дервен, два угостителски објекти

Петар Печков

На последната седница од Советот на Општина Велес, членот Марјан Николов го праша градоначалникот, што предвидува со деловниот простор од новиот покриен градски пазар, дали ќе се продава или ќе се изнајмува. Градоначалникот Марко Колев, објасни дека со имотот на  Општина Велес располага Совет.

„Одлука што е присутна  во јавноста ќе ја донесе Советот, тој располага со имотот, дали ќе го продава или ќе го изнајмува. Ако мене ме прашате јас би го изнајмувал, така ќе имаме постојано прилив на средства во буџетот и ќе можеме да ги исплаќаме кредитот во следните 10 години, кој го земавме од Светска банка во висина од 30 милиони денари. Кога ќе го исплатиме некои други советници  ќе донесат одлука за продажба.   Ако го продадеме парите веднаш ќе се слеат и бргу ќе се потрошат за тековни активности.  Повторувам одлуката е на советниците јас ќе предложам    и вие ќе одлучите што со деловниот простор, “ - рече Колев. 

На покриениот градски пазар изградени се  деловни простори и два за ресторан.  Има 19 дуќани, деловни простории, канцеларии  за вработените од ЈКП Дервен, два угостителски објекти, на вкупно 638 метри квадратни. Покриениот градски пазар чинеше 84 милиони денари, 40 милиони од Владата, 30 милиони кредит од Светска банка, остатокот од општинскиот буџет. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »