речник контакт

ФК Борец пак поразен на гостувањето, овој пат од фенерџијата ФК Работнички

ФК Работнички - ФК Борец 2:1 (1:0)

Петар Печков

судија: Коцевски Струмица

Стадион Национална арена Тодор Проески Скопје

стрелци: Тошевски 37` и Велковски 60` за Работнички, Прелчец од пенал во  62` за Борец

ФК Работнички: Шишковски, Велковски, Илиќ (ж), Херера, Тошевски, Марковиќ, Силјановски, Стојков, Гомез Јаго, Ефтовски (ж), Фазлиу  играа и- Петковски, Ацковски, Кордоба 

ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев (ж), Стојковски, Коцев, Прелчец, Николовски, Абаз, Ефтимов, Гавриќ,  Христов, Ристовски  игра и -Ѓорѓиев, Трајков (ж), Лазаревиќ 

Пораз за велешкиот фудбалски прволигаш во Скопје од директниот конкурент во борбата за опстанок ФК Работнички со 2:1. Беше тоа натпревар на фенерџијата ФК Работнички  и две места погоре пласирасниот,  ФК Борец 1919. 

Првото полувреме помина во доминација на домаќинот кој поведе со голот на Тошевски во 37-та. Во второто  велешани се отворија и во 53-ата минута Прелчец ја погоди стативата.  Во 60-тата ФК Работнички поведува со 2:0 со голот на Велковски, откако по изведениот корнер, гостинската  одбрана заспа и не реагираше. Веднаш во следниот напад,  со гол од пенал Прелчец, ФК Борец  намали на 2:1. До крајот на средбата,  домаќините имаа можност за поголемо водство но голманот Мустафа имаше успешни одбрани.

Така по 16 кола ФК Борец е претпоследен со 16 бодови, колку што има и екипата на ФК Ренова, која гостува в недела на Градски во Велес а за домаќините победата е императив. Последен е ФК Работнички со 14 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »