речник контакт

ФК Бабуна од Мартолци е првак на ОФЛ

Во последното коло со победа во дербито над Илинден БС стигнаа до првото место. ФК Превалец в недела, во бараж за Втора лига Исток

Петар Печков

Последниот натпревар од  Општинската фудбалска лига,  помеѓу Бабуна и Илинден БС го реши првакот во оваа конкуренција. Мартолчани со победа  над довчерашниот лидер, од 1:0 стигнаа до титулата . Но и двете екипи, без бараж директно, одат во повисок ранг Трета лига  - Југ. 

Се играше и дербито на дното, каде се сретнаа двете последно пласирани екипи. Со победа како гостина ФК Интернационал од Долно Караслари и уверливите 7:1 над конкурентот Горски, го престигна и му го отстапи фенерот во Општинската фудбалска лига. 

В недела во Кочани, бараж за пополнување на Втората лига Исток ќе игра екипата на ФК Превалец и тоа со ФК Саса од Македонска Каменица.   Двете екипи завршиле како четврто пласирани во нивните конкуренции на Третите лиги Исток и Југ.  Се игра само еден натпревар и победникот ќе биде член на  новото друштво,каде ќе игра и велешки Борец 1919. 

             Резултати 22 коло
ФК ГОРСКИ - ФК Интернационал       1:7
ФК ТОПОЛКА - ФК МАРТОЛЦИ             2:4
ФК ФОРЦА НОВА - ФК БИРЛИК            3:0 сл.
ФК БАБУНА - ФК ИЛИНДЕН БС             1:0
ФК МЛАДОСТ - ФК МАК.СОНЦЕ            1:1 
  
                                                     Т  А  Б   Е  Л  А

1. ФК БАБУНА                   20 17 0 3 76: 17   51
2. ФК ИЛИНДЕН БС           20 16 1 3 54 :16  49
3. ФК МАРТОЛЦИ              20 14 3 3 63 :30  45
4. ФК МАК. СОНЦЕ            20 11 2 7 59: 45  35
5. ФК ФОРЦА НОВА          20 11 2 7 49: 36  35
6. ФК БАШКИМИ               20 10 2 8 41: 36  32
7. ФК ТОПОЛКА                20 7 2 11 52: 60 23
8. ФК МЛАДОСТ                20 5 6 9  25: 38   21
9. ФК БИРЛИК                   20 4 1 15 36: 65  13
10. ФК Интернационал    20 3 0 17 29: 85    9
11. ФК ГОРСКИ                 20 2 1 17 22: 78   7

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »