речник контакт

ФК Башкими загуби во регионалното финале за Купот (видео)

ФК ВЕНЕЦ (ДОЛНИ ДИСАН) - ФК БАШКИМИ 3:1 се играше во Кавадарци

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Башкими од Горно јаболчиште се поразени во Куп натпреварот од финалето на регионот. Тие  загубија со 3:1  полувреме без голови, од ФК Венец од Дони Дисан, победник на Купот на ОФС Неготино. 

Третолигашот единствено успеа на намали на 2.1 во 80-тата минута од натпреварот кој се играше  на неутрален терен во Кавадарци на Градскиот стадион.  Победникот ФК Венес иако требаше да игра во Трета лига изминатата сезона, се откажа па играше во Општинска фудбалска лига Неготино.

Лани ФК Башкими учествуваше во 1/16 финале на Купот на Македонија и дома загуби со 1:4 во првото коло од второлигашот ФК Детонит од Радовиш. Екипата на ФК Влазними од Прилеп имаше среќа во ждрепката од регионот, Трета лига, и  без борба се пласираше во 1/16 финале. 

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »