речник контакт

ФК Борец 1919 -ФК Струга ТЛ 3-2

Втора победа за велешани во Првата лига

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов

судија: Гоцески Струмица

стрелци:  Драгарски (автогол) 29`, Христов 41`  од пенал, Прелчец 57` за ФК Борец 1919, Кировски 5` и 42` за ФК Струга ТЛ

ФК Борец 1919: Георгиевски, Абаз (ж), Ефтимов (ж), Христов, Коцев, Николовски (ж), Пеев, Прелчец, Ристовски, Стојменовски, Стојковски    играа и: Ѓ.Ѓорѓиев, Т. Трајков (ж), Блажевски

ФК Струга ТЛ: Ѓуриќ, Анруши, Цаке, Цветановски, Драгарски, Касами (ж), Кировски, Лена, Мустафов, Рамадани, Шеји   играа и:  Далчески, Османи, Шаќири,

Втора победа за вФК Борец 1919, во Првата лига, во средба каде играа новаците во ова друштво. Совладана е екипата на ФК Струга ТЛ со 3:2 (2:2), каде беа постигнати пет гола, повеќе отколку во сите останати натпревари од 9-тото коло.  Гостите поведоа во 5-тата минута преку Кировски.  Велешките фудбналери  можешеа да израмнат во 13` преку Георгиевски, кој сам од 5 метри ја погоди пречката.  Израмнувањето стигна во 29-тата кога Пеев од 18 метри шутираше, топката го зафати Драгарски, голманот на едната страна топката во другиот дел од голот, ја затресе мрежата.  Домаќинот поведе во 41-та од пенал, со голот на  Христова а во следниот напад стружани израмнуваат, повторно стрелец е Кировски. Победничкиот гол за ФК Борец е постигнат во  57` од хрватскиот интернационалец Прелчец. По девет кола, со што заврши првиот дел од првенството ФК Борец 1919 е последен 10-ти со 8 бода колку што има и ФК Струга ТЛ. Следното коло велешани повторно играат дома, овој пат ја пречекуваат екипата на ФК Шкупи, која е четврта со 13 бода а во првото коло , дома на Чаир славеа со 2:0. Овој натпревар се игра на 19-ти октомври, поради паузата во првенството за настап на националната селекција.  Од клубот  на нивниот ФБ профил најавија  подобри резултати во продолжението од првенството.  

,,етапа во која имавме тежок распоред и само четири натпревари како домаќини и тоа со тимови кои значат нешто во Македонскиот фудбал (Вардар,Шкендија,Работнички итн.) Во вториот дел од првата полусезона почнуваме со екипата на Шкупи на домашен терен и имаме далеку подобар распоред и тука е нашата шанса за напредок на табелата,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »