речник контакт

ФК Борец во судиско продолжение не го освои првиот бод во Втората лига

Пораз за фудбалерките во Прва лига, победа за ФК Превалец и пораз за ФК Локомотива во Трета лига

Петар Печков

Во Првата женска фудбалска лига, во 7 коло, на Градски, екипата на ЖФК Борец загуби со 0:11 од екипата на ЖФК Каменица Саса која е второпласирана на табелата без пораз но со натпревар помалку од лидерот. Велешанки и по ова коло остануваат без освоен бод и се последни 12-ти. Во следното коло играат со екипата на ФК Тиверија во Струмица    

Во Втората лига фудбалерите на ФК Борец беа на прагот на освојување на бод, во Скопје, каде игра со екипата на ФК Пехчево 3:2 (2:1). Загубија со гол примен во судиското продолжение во 92 минута. Велешани остануваат последни. Во следното коло, в сабота во Велес гостува екипата на ФК Каменица Саса, која е 13-та со 9 бода.

Во соседското дерби според пласманот на табелата ФК Превалец дома славеше над  ФК Росоман,  со 2:0 (1:0) иако од 65 минута играа со играч помалку. По ова коло, тие се 4 пласирани со 22 бида.Во следното последно есенско   коло превалчани гостуваат во прилепско Лажани, во кај екипата на  ФК Слога  која е  шесто пласирана со 14 бода.

ФК Локомотива од Градско, гостуваше во Големо Коњари, прилепско, кај истоимениот тим  и загуби од второпласираната екипата на табелата со 5:1 (2:0). По овој пораз се најдоа на 9 место со 8 бода.

В  недела   играат соседите, Градско против Марена, локосите  играат дома со ФК Марена која е седмо пласирана со 12 бода.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »