речник контакт

ФК Борец елиминиран во Купот од второлигашот ФК Саса

Oд четири удари од 11 м, велешани промашија три, домаќините сите три ги реализираа

Петар Печков

Велешки Борец се посрамоти во Македонска Каменица и на пенали загуби во 1/16 од Купот,  од второлигашот  ФК Саса со  1:3. Во регуларните 90 минути натпреварот заврши со 2:2.

Велешани поведоа со голот на Стојчевски во втората минута, домаќините израмнија преку Гоцевски во 11-та. Ново водство за Борец со 2:1 во 18-та минута со голот на Трајановски, со кој резултат заврши првото полувреме. Домаќините израмнуваат со сефектен гол од слобден удр од 16м. преку Донов во 57-та минута и тие 2:2 беа конечни. 

При изведувањето на пеналите, од четири удари, три на фудбалерите на Борец беа непрецизни, Коцев,  Десниќ, Ристески  единствено вториот удар од  Ристовски завршил во мрежата на домашниот голман. Затоа пак ФК Саса ефикасна, сите три удари Божинов, Ефремов и Донов  од 11 м биле прецизни.

Во Купот се игра по еден натпревар се до полуфиналето.

Така во осмина финалето оди домаќинот кој во четири натпревари од Втората лига Исток има само една победа. 

Згора на тоа ФК Борец е единствениот прволигаш кој е елиминиран од второлигаш во шеснаесет финалето од Купот, сите други екипи победија, кој во регуларните 90 минути- Шкупи, Силекс, Беласица, Ренова, други - Македонија ЃП,  Вардар, Работнички   од удари од 11 метри.

фото од средбата во Македонска Каменица  ТрМр

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »