речник контакт

ФК Борец загуби во дербито на дното во Кавадарци, упати жалба за судењето на Јакимовски (видео)

ФК Тиквеш -ФК Борец 2:1 (1:1)

Петар Печков

Во 13-тото коло до Првата лига, во дербито на дното, велешкиот прволигаш 10-тио пласиран, загуби во Кавадарци од ФК Тиквеш, кој е 11-ти. ФК Борец поведе преку Љума во 25-та минута.  Домаќинот израмнија со голот на Ивановски во 41` од пенал. За оваа одлука на судијата Дејан Јакимовски ФК Борец упати жалба, која можете да ја почитате во целост подолу. Домаќините  поведоа на стартот од второто полувреме  во 47`со голот на Христов. По ова коло ФК Борец е претпоследен со осум бодови. Следното коло се игра на 21-ви ноември, поради репрезентативните настапи на националната селекција. Тогаш на Градски гостува екипата на ФК Ренова. која е трето пласирана со 22 бода.

„Како клуб имаме пет пенали досудени против екипата на ФК Борец, оваа сезона, четири од нив се со директните конкуренти на табелата, тоа се Тиквеш, Струга и Македонија ЃП.  Судијата Јакимовски е европски судија, но на мечот со Тиквеш тој досуди пенал кој само тој го виде, а во 92. минута имаше слична ситуација за нашиот Борец, меѓутоа одлучи дека нема можност за најстрога казна.

Ќе поднесеме жалба до Судиската организација при ФФМ за судењето на Јакимовски на овој меч. Трет натпревар по ред ни суди тој и ние на сите три натпревари губиме. Не е дека целата вина ја вперуваме кон судиите, ние самите сме си виновни за некои од поразите оваа сезона, меѓутоа сметаме дека делителот на „правдата“ има свој удел во поразите.
Како на пример, поведовме во Скопје со Македонија ЃП со 0-1, па против нас беа досудени два пенали. Во Кавадарци поведуваме со 0-1, повторно против нас се суди пенал кој само судијата го виде.

За натпреварот со Академија Пандев каде судија директно влијаеше на примениот гол на Борец, арбитерот доби добра оценка и судеше веднаш на друг натпревар. За пример судијата на натпреварот ФК Шкупи -ФК Ренова за грешката беше санкциониран. На мечот на ФК Борец  со Работнички судијата исто така направи грешка и беше добро оценет. Сега, да видиме дали и овој судија ќе биде добро оценет“

пишува во реакцијата на ФК Борец 1919 АД

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »