речник контакт

ФК Борец на подготовки во Грција, стартуваше со победа

Клубот има шест засилувања и тројца млади фудбалери од сопствениот подмладок во првата екипа

Петар Печков

Велешкиот прволигаш од понеделникот се наоѓа на подготовки во соседна Грција. Десет дневните подготовки се спроведуваат во спортски тренинг центар Атермон и договорени се три контролни натпревари. Еден веќе се одигра, вчера вечер со ФК Килкисиакос  а велешани славеа над третолигашот со 0-3. Натпреварот се одигра под рефлектори на стадионот во Кукуш.   Стрелци за ФК Борец беа Никола Прелчец, Емил Абаз и Џемаил Ибрахимовиќ.

Пред заминувањето на ФК Борец на подготовки за Грција, клубот ги официјализираше и промовираше новите засилувања за престојаната полусезона во Првата фудбалска лига. Тоа се - Фернандо Да Силва, Дарио Десниќ, Никола Радовиќ, Александар Анастасов, Дарко Јоциќи Никола Ристески.

Покрај новите засилувања во тимот се приклучени и тројца перспективни млади фудбалери од младинска академија-Бобан Дукадиновски, Џемал Ибрахимовиќ -кој постигна гол на дебито за првиот состав  и Давид Тодоров.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »