речник контакт

ФК Борец се врати непоразен од Куманово, на гостувањето кај третопласираниот ФК Башкими

Пораз на одбојкарите во дербито со ОК Струмица, пораз за КМФ Кеги моби, но останува дилемата дали поништениот гол на велешани за 4:4 беше регуларен или не

Петар Печков

Фудбалерите на второлигашот ФК Борец, на стартот од пролетниот дел  се вратија непоразени од Куманово, каде му гостуваа на третопласираниот тима на табелата ФК Башкими. Одиграа 1:1 со гол постигната во судиското продолжение во 105 минута, поточно со автогол на домаќините, кој ниту камерите на Скендеровски, кој го снима натпреварот, не го регистрирал. Кумановци повеле во 83 минута. Натпреварот се играл подолго оти во второ полувеме на почетокот пукнала цевка од чија вода бил потопен теренот. Велешани по овој натпревар остануваат 15 пд 16 екипи, но со 6 бода а во следното коло  во Велес доаѓа прилепска Победа, која е 13-та со 15 бода.

Составот на КМФ Кеги моби е порaзен во првото пролeтно коло на Првата лига, во Kавaдaрци од составот на КМФ Клими со 3:4. Велешани постигана гол за 4:4 кој едниот судија го призна па покажа на центар, па по притисокот на домаќините се предомисли и покажа дека бил постигнат надвор од регуалрните 40 минути. По ова 11 коло велешани и натаму се претпоследни со 8 бода. Во следното коло во Велес гостуваа лидерот КМФ Форца.

Во третото коло од Првата одбојакрска лига, во разигрувањето на првите 6 екипи, во дербито во Велeс, во салата Гемиџии, ОК Борец загуби со 1:3 од лидерот ОК Струмица. По ова коло велешани остануvаат трети на табелата, од шест екипи. Во следното гостуваат на второпласираниот тим, нa ОК Универзитет Гоце Делчев Штип. 

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »