речник контакт

ФК Борец се враќа непоразен од Кратово, во дербито за опстанок

ФК Силекс - ФК Борец 1:1.(1:0)

Петар Печков

Стадион Силекс

судија Јован Качевски од Струга

стрелци: Георгиев 35` (ФК С) Мишов од пенал 80` (ФКБ)

картони: жолт,  Георгиев, Каракамишев (ФК С)Мишевски, Трајковски, Коцев, Гавриќ (ФК Б)

ФК СИЛЕКС:  Трајковски, Драшковиќ, Георгиев, Ивановски, Каракамишев, Карчевски, Манасиевски, Мустафов, Ристов, Тантуровски, Тимовски играа и Благојевиќ, Серафимовски,  Дурански, Серафимовски, Штерев,

ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Адили, Ефтимов,Гавриќ,  Коцев, Мишевски, Османоски,  Ристовски,  Стоименовски, Талаков, Трајкоски   во игра влегоа и  Адили, Гавриќ, Трајков, Баша, Ибрахимовиќ

Важен бод од гостувањето во Кратово освоија фудбалерите на ФК Борец. Одиграа  нерешено со екипата ан ФК Силекс, која е едно место подолу, со еден бод помалку, директна конкурент за опстанок во Прва лига.  Домаќините поведоа во 35 минута преку Георгиев а велешани израмнија во финишот од пенал а го реализираше Мишов во 80-тата минута.

По 31 коло ФК Борец остана седми со 37 бода еден повеќе од денешниот противник ФК Силекс и два повеќе од екипите кои според пласманот треба да разигруваат за опстанок, ФК Академија Пандев и ФК Ренова.

Токму со тетовчани  велешани играат дома во следното коло на 9-ти мај, директен судир на две екипи во борбата за опстанок и победа која е императив за ФК Борец.

А во последното коло, кое  ќе решава за опстанокот, ФК Борец гостува во Струмица на ФК Академија Пандев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »