речник контакт

ФК Борец со бод од дербито во Пехчево

Драган Ванов победи на втората трка Е1 (250) од Еднуро шампионатот на Македонија, Караколев беше втор. Победи за футсал екипите на КМФ Велес и КМФ Гемиџии 1903

Петар Печков

Со бод од гостувањето во Пехчево се враќаат фудбалерите на ФК Борец 1919. Тоа беше дерби натпревар од Втората лига Исток,  на првите две екипи од табелата а велешани останаа непоразени и натаму се лидери. Домаќините дојдоа во водство преку Сенев во 72 а израмни Мирчевски во финишот во 86-тата минута.  По 8 кола Борец има 22 бода а веќе во следеното коло е големо дерби на Градски во Велес, гостува Тиквеш кој се искачи на второто место со 4 бодови заостаток.  

 Во Првата футсал лига и двете велешки екипи победија. Првакот КМФ Велес на гостувањето во Богданци кај  КМФ Проект Цико со 3:5 (0:2).КМФ Гемиџии 1903 победи дома против последно пласираната екипа на тетовска  КМФ Шкендија со 14:3 (6:1) . По четири одиграни кола КМФ Гемиџии се на третото место со 9 бодови колку што има и КМФ Железарец.  КМФ Велес со 7 бода е четврти. Во следното коло КМФ Велес дома игра со КМФ Кратово кој забележа една победа   а КМФ Гемиџии гостува  во Штип на КМФ Астибо  кој досега има две победи. 

 Во четвртото коло од Супер лигата во ракомет ГРК Борец е поразен во Битола од РК Пелистер со  36:23 (13:12) Младите велешки ракометари отпор давале во првите 30 минути, додека во второто полувреме младоста потклекнала пред искуството и квалитетот на домаќинот, па на крајот битолчани слават со + 13 гола предност.  Кај Борец Илиевски постигнал 9 гола. Во следното коло ГРК Борец го пречекува тимот на РК Пролет 62 од Скопје кој има една победа.

На патеката Стенковец близу Скопје викендов се возеше втората трка од Ендуро шампионатот на Македонија.  Драган Ванов од МК Мото Велес  имаше најдобро време по двете трки и победи во категоријата Е-1 (250) во конкуренција на шестмина возачи, каде третото место го освои Јове Иванов исто така од МК Мото Велес.  На победничкиот пиедестал се качија тројца велешани, оти второпласираниот Виктор Караколев вози за Ендуро клубот Водно. Со победата Ванов остана на првото место во оваа категорија. Александар Давчевски во категоријата Е-3 беше втор а возеа тројца учесници.   Од клубот  МК Мото Велес  додаваат бидејќи сите нивни членови се самофинансираат, настапуваат без спонзори во овој екстремен и скап  спорт, успехот е уште позначаен. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »