речник контакт

ФК Борец со нов тим до Втората лига

Нов тренер е Пане Блажевски

Петар Печков

22 фудбалери под водство на Пане Блажевски работат на уигрување на екипата за  престојаните натпревари од трета лига Југ.   ФК Борец сега во сопственост на бизнисменот  Кочо Анѓушев, сериозно се  подготвува за стартот на пролетниот дел од првенството, закажан за 25 февруари.  

Преку селекција од 40-тина фудбалери дојдовме до овој состав од 22 имиња. Тие треба пролетва да го донесат Борец до пласман во Втората лига, во што воопшто не се сомневам.  Од Борец останаа некои фудбалери другите  дојдоа од ФК Гемиџии но и клубови надвор од  градот. Единствена цел е освојување на место кое води повисоко. Клубот има и нов тренер, Блажевски кој есенва го водеше ФК Гемиџии- изјави сопственикот Кочо Анѓушев.   

Одиграни се повеќе контролни натпревари преку кои се вршел изборот на играчи. Денес на Градски, се одигра и средба со Вардар од Неготино, која гостите ја добија со 2:1.

До почетокот на првенството ќе се играат и други, со тоа што велешани се поканети и ќе учествуваат на фудбалскиот турнир во Кавадарци Вуко Каров.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »