речник контакт

ФК Борец со победа се врати на теренот, по три седмици пауза

Трета лига Центар, лидерот ФК Превалец неочекувано дома играше нерешено со последно пласираната екипа. Работник од Лозово со победа над Слога од Виница во Трета лига Исток. Резултати петто коло Општинска фудбалска лига

Петар Печков

Лидерот на таблета со четири гола во мрежата ја испрати за Радовиш последно пласираната екипа на Детонит Јуниор.  Сигурна победа без многу мака за фудбалерите на ФК Борец 1919, со головите на Колевски 12-та  и Ѓорѓиевски  40-та во првото полувреме и во финишот на Николовски 86-та и вториот гол за Колевски во 90-та минута.   По три седмици пауза, велешани повторно убедливи и се зацврстија на лидерската позиција.  По 10 кола имаат 25 бодови, четири повеќе од екипата на Тиквеш, со кога заостанатиот натпревар ќе го играат на крајот од оваа полусезона. 

Две реми и една победа за велешките екипи во Третата лига Центар. (не)очекувано лидерот ФК Превалец дома одигра 1:1 (1:1) со ФК Напредок од прилепско Крушеане.  За илустрација гостите се последни и имаа три нерешени, додека домаќините  имаа само еден пораз и шест победи.  Нерешено одигра и вториот лигаш од населба Превалец ФК Тополка 1:1 (1:1)  со ФК Големо Коњари, кој е четврти на табелата. ФК Бабуна ја прекина серијата без победа, откако на гостувањето  кај седмо пласираниот во  прилепско Тополчани победи со 1:2 ( 0:0). По ова коло дојде до смена нa врвот ФК Питу Гули го дели првото место со ФК Превалец  со по 19 бода. ФК Бабуна е   трета со 17 а ФК Тополка е претпоследна 11-та со пет бодови. Во следното коло на Градски  04.11. во 13,30 ч.се игра дербито ФК Бабуна  и ФК Тополка а ФК Превалец гостува  во прилепско Кривогаштани на ФК Младост 1930 кој е десетти со пет бодови. 

 Во деветтото коло од Третата лига Исток во Лозово ФК Работник со 3:1 го победи тимот на Слога од Виница, кој е последно пласиран и има три бодови. По ова коло ФК Работник останува на четвртото место со 16 бода. Во следното коло  гостува на ФК Кежовица во Штип, коа е трета со бод повеќе.   

Викендот се играше и петто коло на Општинската фудбалска лига . Постигнати се следните резултати:  

ФК Согле - ФК Младост   0:1

ФЛК Мартолци - ФК Форца 0:2

ФК Локомотива - ФК Илинден 1:3

ФК Башкими - ФК  Горски 3:0 

слободна беше екипата на ФК Интернационал

                              Т   А   Б   Е   Л   А

1, Форца нова             4    3   1   0       8:3      10

2. Младост                  4    3   1   0       8:3      10

3. Башкими                 4    3   0   1       8:2        9

4. Мартолци 07           5    3   0   1      12:8       9

5. Локомотива             4    1   1   1        7:7      7

6. Горски                     5     2   1   1       9:11     7

7. Илинден БС            5    2   0   2      14:11     6

8. Интернационал      4    0   0   4       6:13      0

9. Согле                      5    0   0   5        3:17     0

 Во следното шесто коло играат:

ФК Илинден - ФК Башкими  недела 14.ч  игралиште Башино село

ФК Форца нова - Фк Локомотива  недела 14. игралиште во Градско

ФК Младост - ФК Мартолци недела 12ч. игралиште Башино село

ФК Интернационал - ФК Согле сабота 14ч. помошно игралиште Градски парк  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »