речник контакт

ФК Борец со реми стартуваше во Втората лига Исток

Енис Небиоски учествуваше на ЕП во кајак на диви води слалом за јуниори. В недела стартуваат фудбалерките на ЖФК Борец и Трета лига Центар

Петар Печков

Започнаа натпреварите од Втората лига Исток, каде игра велешкиот лигаш Борец 1919. Во првото коло, во валаново велешани одиграа без голови против Победа.   Во второто коло Борец повторно  гостува, недела во Македонска Каменица против Саса, која во првото коло загуби во Радовиш од Плачковица со 2:1.

В недела стартуваат и жените, велешки Борец кој е член на Првата лига, стартува  против првакот Истатов во Струмица. Лигата брои 12 екипи.

Недела започнуваат натпреварите и од Трета лига  Центар каде играат четири велешки клуба:ФК Бабуна, ФК Превалец, ФК Илинден Башино село и ФК Гемиџии.  Во првото коло од 16ч. играат:  Бабуна - Партизан од Обршани прилепско ,  Илинден – Габер Ваташа, Гемиџии – ФК Питу Гули Крушево и  ФК Росоман – Превалец.

Во германскиот  град Хохенлимбург се одржа Европското првенство во кајак на диви води за млади категории. Кај јуниорите веслаше велешанецот Енис Небиоски. Тој во првата трка во К-1 беше 35-ти од 54 учесника, додека во второто возење, без 20-те најдобри  од 35 натпреварувачи беше последен 35-ти.  Од големите настани остана уше Светското првенство  во диви води слалом, кое ќе се одржи во Франција кон крајот на септември. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »