речник контакт

ФК Борец со тројца новаци

Во клубот пристапија Оливер Пеев,Филип Ристовски и Србинот Гавриќ

Петар Печков

Велешкиот фудбалски прволигаш ФК Борец  1919 на крајот од преодниот рок, се засили со три нови имиња. Во клубот пристапија Оливер Пеев, Филип Ристовски и  Србинот Гавриќ. 

Покрај добрата игра,радоста и големата победа на нашиот клуб против минатогодишниот шампион Шкендија,нашите навивачи можат да бидат спокојни,бидејќи клубот во последните моменти од преодниот рок одлично пазареше.  Борец се засили за уште три нови квалитетни фудбалери. Покрај Оливер Пеев кој веќе настапи и даде свој придонес во победата, ново име е веќе најавениот интернационалец Никола Гавриќ и во последен момент клубот успеа да се договори и да ја засили десната страна со Филип Ристовски - објавија од ФК Борец.  

По четири кола, екипата е на седмо место на табелата од Прваа лига, со четири бодови. 

Поради настапите на репрезентацијата, во Првата лига има пауза до 14 септември, кога велешани гостуваат во Скопје, на второпласираната ФК Македонија Ѓ.П. 1932. Веднаш потоа  второ гостување по ред, на 18-ти играат во Кратово против Силекс.  Познат е и противникот во осминафиналето на Купот. ФК Борец 1919 игра со ФК Струга, дома на 25 септември и во гости на 30 октомври.

фото:Радица Дукова

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »