речник контакт

ФК Гемиџии во сопственост на Кочо Анѓушев

Планови, за пет години клубот од Трета лига Југ, во Европските купови

Петар Печков

Фудбалскиот клуб Гемиџии од  Велес, го презеде Кочо Анѓушев, сопственик на повеќе  моќни македонски компании.  Тој  оваа обврска ја презел   со цел да му помогне на родниот град . 

Како човек роден во Велес, пораснав и работам, континуирано  се трудам според можностите  да вратам нешто кон заедницата и општеството, сакам лично да  помогнам  во спортот. Затоа го   преземам третолигашот фудбалскиот  клуб Гемиџии. Целта е за две години да тој биде прволигашки  клуб, а за четири пет години да игра некаков натпревар низ Европа.  Првата полу етапа да создадеме костур за пласнам во Втора лига, тоа да го успееме на крајот од првенството на Третата лига Југ. Ова е мој проект, како   и сите други кој сум ги презел во животот  – рече Кочо Анѓушев,   новиот сопственик  на ФК Гемиџии.  

Објасни дека го презел  овој клуб, бидејќи најлесно се договорил со неговиот досегашен претседател Лазе  Ракиџиев а другите велешки раководства поставеле неприфатливи за него   барања.    За почеток за тренер е поставен Пане Блажевски а во клубот се ангажирани неколку ,,ветерани,, играчи  кои можат да ја понесат  сезоната во оваа конкуренција.  

Тоа се Горан Димовски Гец  кој настапуваше во повеќе странски клубови,  Ане Темелков, Баже Тодоровски,  и младиот Бојан Стојанов.  Анѓушев најави дека финансирањето ќе биде негово лично  исклучиво од фирми каде тој има удел, управува и има сопственост.  Посака дека за пет  години, ќе застане пред јавноста од Велес и ќе  е пофали   со   успех,  на  кој   ќе  се радуваат  сите негови сограѓани.

 Побара трпение  од  навивачите. Во првото коло  од оваа конкуренција  Гемиџии загуби  убедливо во  Гевгелија  од  Кожуф со 4:0.   Одговарајќи на прашањето зошто замина од   одбојката и ракометот, каде во одреден дел финансираше, Анѓушев одговори.

Во одбојката беше финансиер  Брако а јас не сум сам таму. Додека во ракометот,  јас мојот  дел од   договорот го  исполнив, другите  за жал не го  дадоа. Затоа еве во фудбалот влегувам самостојно и ќе го завршам комплетно овој проект – заврши Анѓушев.  Кочо Анѓушев е главен извршен директор на ФЕРО ИНВЕСТ ДОО и EДС ДОО, претседател на бордот на директори на БРАКО и професор на Машинскиот факултет во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »