речник контакт

ФК Локомотива од Градско во победничка серија

ФК Превалец и ФК Работник oд Лозово со порази, ФК Илинден БС паузираше. Резултати Трета фудбалска лига Исток и Југ

Петар Печков

Во седмото коло од Третата фудбалска лига Југа, каде настапуваат три екипи од ОФС Велес, две настапија а ФК Илинден од Башино село беше слободна.  

Победа забележа  ФК Локомотива во Градско  над  седмо пласираната екипа на  ФК Ново Црнилиште  со 6:1. ФК Братство во прилепско Житоше во дербито на високопласираните го победи  ФК Превалец 4:2. Во седмото коло до Третата лига Исток,  во Делчево  третопласираната ФК Брегалница со високи  6:1 го победи  ФК Работник 6:1  од Лозово.   

По ова коло во „Југ“ ФК Превалец е петти а   ФК Локомотива е шеста со  ист број бодови 12, додека ФК Илинден БС остана на 13-тото место со четири бода.  Во „Исток“ ФК Работник е претпоследен , 11-ти од 12 екипи, со  четири   бода.

Во следното коло, в среда,   ФК Локомотива повторно игра  во Градско, овој пат  ја пречекува екипата на ФК Марена која има шест  бода, во соседското дерби од дното  ФК Илинден БС гостува на ФК Питу Гули во Крушево кој е 14-ти со три бода,   а ФК Превалец  ја пречекува екипата на ФК Младост 1930 од прилепско Кривогаштани,  која е 9-та на табелата со  десет бода.   

Во осмото  коло  на Трета лига Исток,  во Лозово се игра соседството Овчеполско дерби, ФК Работник - ФК Овче Поле кој е шесто  место со 12 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »