речник контакт

ФК Локомотива од Градско како лидер реди победи

Победи и ФК Превалец, уште еден пораз за ФК Илинден БС. В недела дерби на Трета лига Југ, ФК Превалац - ФК Локомотива

Петар Печков

Во 15-тото коло на Третата лига Југ, двете екипи од ОФС Велес победија, една е поразена.

Лидерот ФК Локомотива од Градско победи во прилепско Мажучиште, против ФК Динамо  кој беше 12-ти, со 0:5 и остана на првото место, со подобра гол разлика. ФК Превалец дома играше со ФК Питу Гули  кој беше 13-ти  и победи исто така со 5:0. ФК Илинден БС загуби  кај шестопласираниот во  прилепско Житоше од ФК Братство со 2:0. 

Во следното коло е дербито помежу ФК Превалец кој е четвртопласиран со 30 бода и ФК Локомотива. ФК Илинден кој е последен 15-ти со пет бода, гостува во прилепско Кривогаштани  кај ФК Младост 1930 кој е 11-ти со 14 бода. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »