речник контакт

ФК Локомотива од Градско се врати на лидерската позиција во Третата лига Југ

Во локалното дерби во Превалец убедлива победа на домаќинот над ФК Илинден БС. Вчера играа и одбојкарите, кои се поразени во Тетово

Петар Печков

Во деветтото коло, од втората фаза на одбојкарскиот шампионат, екипата на ГОК Борец загуби во Тетово од ОК Универзитет Тетово со 1:3 ( 20,- 19, 21,18). Велешани се четврти во разигрувањето, без можност за напредок на табелата. Во следното коло ја пречекуваат екипата на ОК Џио Струмица.

Поради снежни врнежи неделното  17-то коло од Третата фудбалска лига Југ се одигра вчера, среда. ФК Локомотива од Градско со победата во Удово, над екипата на ФК Младост, кој е  единаесетта, со 1:0, се врати на врвот, откако лидерот ФК Ново Црнилиште беше слободен ова коло. Голот госите го постигнаа во финишот на натпреварот во 88-та минута. Тие заостануваат еден бод но и еден натпревар помалку.

Во локалното дерби во Превалец, ФК Превалец го совлада фенерџијата ФК Илинден БС со 6:0. По ова 17-то коло ФК Превалец се искачи на третото место со  34 бода, четири помалку од лидерот ФК Локомотива.  ФК Илинден БС останува последен со шест освоени бодови.

Во следното коло, в недела ФК Локомотива во Градско го пречекува шесто пласираниот  ФК Напредок од прилепско Кривогаштани, ФК Превалец гостува во Неготино на ФК Вардар кој е петто пласиран со 31 бод  а ФК Илинден во Башино село игра осмо пласираниот ФК Дојранско езеро.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »