речник контакт

ФК Превалец победник на Купот за подрачјето на ОФС Велес

ФК ПРЕВАЛЕЦ - ФК БАБУНА 5:4

Петар Печков

Екипата на ФК Превалец е освојувач на општинскиот Куп на подрачјето на ОФС

Велес, откако во финалето ја совлада екипата на ФК Бабуна  на пенали. Во регуларниот тек натпреварот заврши нерешено 1:1, полувреме (0:1) а подобри во изведувањето на ударите од 11 метри беа превалчани со 5:4.

Екипата на ФК Превалец настапува во Тетата лига Југ додека ФК Бабуна годинава е првак на Општинската фудбалска лига Велес. Во натамошниот тек од натпреварите во Купот, екипата на победник на ОФС Велес, ФК Превалец треба да игра со победникот на Купот на подрачјето на ОФС Прилеп а победникот од тој натпревар ќе настапи во 1/16 финалето на Македонскиот Куп.

Таму како второлигаш, од есен третолигаш ќе игра и ФК Борец. 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »