речник контакт

ФК Превалец успешен на стартот од Третата лига Центар

ФК Илинден од Башино село загуби дома а ФК Локомотива од Градско на гости. Женската екипа на Борец загуби во Речица

Петар Печков

Се одигра второто коло од Трета лига Центар.  Екипите од Општински фудбалски сојуз Велес, забележаа една победа - ФК Превалец и два порази п- ФК Илинден БС и ФК Локомотива Градско. 

ФК Превалец на гостувањето во Ваташа славеше со убедливи 2:6 (1:3). Во прилепско Големо Коњари истоимената екипа ја победи ФК Локомотива со 2:1 (1:0). Во Башино село ФК Илинден загуби од ФК Ново Црнилиште од Црнилиште со 1:2 (0:1). По ова коло ФК Превалец има шест бода, ФК Локомотива од Градско еден а ФК Илинден БС е без бодови но има одиграно само еден натпревар. Во следното коло во Градско  на екипата на Локомотива му гостува Вардар од Неготино, кој има шест бодови, ФК Превалец го пречекува ФК Братство од Житоше  кој во два натпревари освои еден бод а ФК Илинден БС гостува во прилепско Кривогаштани кај ФК Младост 1930 која има 4 бода.  

Се одигра второто коло од Првата фудбалска лига жени. Велешки Борец гостуваше во Речица каде загуби од  ЖЌФК Речица со 8:3. По две кола велешанки имаа два порази. Во следното коло ја пречекуваат екипата на ЖФК Кочани, која е последна со полоша гол разлика од велешанки.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »