речник контакт

ФФМ ќе гради вештачки терен и во Велес

Велес заедно со утше девет други градови во Македонија ќе добијат фудбалски терен со вештачка подлога

Петар Печков

ФФМ и општина Велес  потпишаа договор со кој стартува изградбата на фудбалски терен со вештачка подлога во овој град, како дел од Проектот за реализација на 10 вештачки терени во градовите низ Македонија.

Договорот го потпишаа претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој рече дека од страна на ФФМ и УЕФА подготовките течат нормално.

Со општините веќе потпишавме договори, со што се надевам дека во најбрз можен период ќе се реализира. Сето тоа ќе значи подобрување на фудбалската инфраструктура во Македонија, ќе придонесе за развој на фудбалот генерално на територијата на цела Македонија, рече Ѓорѓиоски.

Ѓорѓиоски истакна дека овие терени ќе им бидат на располагање на сите тимови кои што гравитираат во одредената општина на која се наоѓа теренот.

Градоначалникот на Велес најави дека со изградбата на овој терен ќе се заокружи еден голем спортски комплекс а посебно ќе се врати духот на фудбалот во градот.

Нашата интенција е да го развиваме фудбалот преку изградбата на вакви проекти а секако дека во тој правец е враќањето на ФК Борец во квалитетниот фудбал и се надевам дека ќе се пласираме во Втората МФЛ. Ние имаме веќе еден проект со кој ќе застанеме зад клубот и во иднина се надевам дека ќе бидеме дел од најквалитетното друштво - рече Чадиев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »