речник контакт

Факултетот за туризам се сели од Велес

Постојните студенти остануваат да завршат, во разумен рок

Петар Печков

На дисперзираните студии во Велес, кои функционираат во рамките на охридскиот факултет за Туризам и угостителство, повеќе нема да се запишуваат нови генерации. Школувањето, ќе го продолжат само оние кои веќе студираат таму се до нивното завршување. Ова значи дека охридскиот факултет ги губи дисперзираните студии во Велес. Министерот за образование Кралев, ова не го нарекува укинување-туку разместување на студиите.

Ќе се оди кон тоа да има одредено разместување, со единствена цел да се овозможи на друг вид на профили во одредени региони да имаат можност да се стекнат со своето образование, изјави министерот за образованиеКралев.
За охридските професори е неприфатливо понуденото решение,после пет години успешна работа, Велес да се замени со Битола и Крушево. Министерот Кралев не гледа ништо спорно во селењето, преку факултетот Крушево ќе живнело.

Ректорот на Битолскиот универзитет, Златко Жоглев  во Велес пред месец дена, при потпишувањето на договорот за преземање на Хотелот Вила Зора,  а по информации дека  дисперзираните студии на  Факултет за туризам нема повеќе да се запишуваат нови студенти, беше дециден дека такво нешто не се планира. Еден месец потоа, работите се покажаа дека не се такви.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »