речник контакт

Фалат 500 кубици исечено огревно дрво од Јакупица

Во Шумското стопанство Бабуна надостатокот откриен при попис, на крајот на ланската година

Петар Печков

Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес и  шумската полиција откриле недостиг на околу 500 метри куби  огревно дрво, од шумите во околината на велешко. Овој податок го потврдија  и од СВР Велес, со дополнување дека кај нив  била пријавена кражбата на истекот од минатата година, 2017-та.   

Од лица упатени во случајот информираат дека недостигот е констатиран при извршениот попис при крајот ланската гдоина. Станувало збор за огревно дрво, кое е украдено од исечени дрвја, кои биле во шума, не и на пат -подготвени за транспорт.

Сторителот(те) влегувале по нив знаени патишта во шумата и од исечените трупци одземале помали  дрва кои можат да ги превезат. Кражбата е констатирана во катастарскиот дел на селата Горно и Долно јаболчиште. Проценката е дека штетата е околу 7,5 илјади евра, оти вредноста на огревните дрва кои биле украдени  била 900 денари за  кубик. 

За ова веќе имало и поднесено кривична пријава против непознат сторител, до велешкото ОЈО.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »