речник контакт

Фалц стока наместо да се уништи, се делела гратис

Цариник наместо да ја уништи фалсификуваната стока, им ја дал на присутните за што велешката полиција го товари за несовесно работење.

Петар Печков

Скопјанецот З.З. ( 54 год) вработен во Царинската Управа на РМ, извршувал надзор над уништување на фалсификувана стока на депонијата на ЈКП Дервен близу Велес, им дозволил на повеќе присутни работници од ЈКП „Дервен “ да земат вкупно 45 пара женски чевли и 78 парчиња очила за сонце.

Осомничениот во својство на претставник од Царинската Управа, согласно Пресуда од Основен суд Битола, како и Одобрение за уништување стока донесено од Царинската Управа, раководел со уништувањето на повеќе стотици примероци запленета  фалсификувана стока. 

Со ова негово дело  им овозможил на дел од присутните  да се стекнат со противправна имотна корист. Извршен е претрес во домовите на  четири лица, при што пронајдени се и  одземени сите предмети кои во целост требало да се уништат на депонијата.  За ова цариникот З.З. заработи кривична пријава   поради основано сомнение дека сторил „Несовесно работење во службата“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »