речник контакт

Фасцинанти приказни од настанокот на најголемите градови

Ерихон, Урук, Јинсу, Вавилон, Картага, Рим, Цариград, Багдад, Лондон, Њујорк

Петар Печков

Најголемите градови на светот кријат фасцинантни приказни за својот настанок. И во дамнешни времиња биле епицентри на човечката цивилизација. Тие човештвото го довеле до нови културни и трговски височини. Меѓу нив биле тие чие време на врвот на светот не траело вечно и кои биле надминати од некои други градови, а некои од нив дури се и уништени.

Историчарите Тертиус Чандлер, Џералд Фокс и Џорџ Моделски ги идентификуваа најголемите градови низ историјата.

Ерихон (7000 години п.н.е): Во тоа време Ерихон бил најголем, а веројатно и прв град на светот со 2.000 граѓани. Настанал внатре во населби кои датираат од 9000 година п.н.е. Градот бил сместен меѓу Мртво Море и Мт. Небо. Имал природно наводнување од реката Јодан и бил најпозната оаза во регионот. Во Стариот завет бил опишан како град на палми.

Урук (3500 години п.н.е): Градот Урук имал околу 4.000 жители. Градот кој го презел водството по Ерихон, бил познат како главен град во Епу за Гилгамеш. Исто така се смета дека Урук бил библиски град Ерек, кој го изградил кралот Нимрод. Градот бил сместен во близина на реката Еуфрат, а развивал трговија и специјализирана трговија. Оствариле напредок во пишувањето. Урук почнал да пропаѓа околу 2000 година п.н.е, поради регионални борби, а конечно бил напуштен во време на исламското освојување.

Мари (24000 година п.н.е): Главниот трговски град на Месопотамија, Мари, имал околу 50.000 жители. Од него се превезувале камења, дрва, земјоделски производи и керамика по целиот регион. Во него прво владееле сумерски кралеви, потоа аморејски, од кои еден изградил огромна палата со 300 соби. Првото место на позицијата на најголеми градови Мари почнал да го губи во 1759 година п.н.е од страна на Вавилон, а потоа и пропаднал.

Ур (2100 година п.н.е): Градот Ур имал околу 100.000 жители и бил најважно пристаниште во Персискиот залив. Ур бил богат град со големи количини на предмети од благородни метали и полускапоцени камења кои биле увезувани од целиот тогаш познат свет. По 500-тата година п.н.е, Ур повеќе не бил населен, најверојатно поради суша или промена на текот на реката. Меѓутоа, останал свето место и место за погребување на луѓе од регионот.

Јинсу (1300 година п.н.е): Градот Јинсу на реката Хуан имал 120.000 жители и бил главен град на династијата Шанг. Градот бил напуштен од почетокот на владеењето на династијата Зоу. Јинсу е главно арехолошко наоѓалиште за оракле бонес, најстарото кинеско писмо, кое е сочувано на натписи на коски, на оклоп на желка, итн. Подоцна кога традицијата се променила, се пишувало со мастило и четка, а градската историја била пишувана на фрагменти кои биле закопани во централни јами.

Вавилон (700 години п.н.е): Вавилон, чие име привикува слики на декаденција и алчност, имал околу 100.000 жители. Според библијата неговите жители толку верувале самите во себе и се обиделе да изградат здание кое би се издигнувало до небото. Но, Господ не бил импресиониран од вавилонската кула, па како што вели приказната, ги поделил неговите жители на начин што секој зборувал на друг јазик, па меѓусебно не се разбирале. Без оглед на записите од Библијата, Вавилон бил центар на богатство, моќ и престиж и тоа од 2000 до 538 година п.н.е. Таа година кралот Кир, според легендата, го пренасочил текот на Еуфрат, а своите војници ги пратил во коритото на градот Вавилон. Потоа вавилонската војска се предала речиси без отпор.

Картага (300 години п.н.е): Картага броела околу 100.000 жители и кратко време ја држел позицијата на најголем град на светот. Го уништиле Римјаните во 146 година п.н.е. Буквално бил претворен во пепел. Бидејќи Римјаните во својот поход на Картага ги уништиле и сите записи на жителите од тој град, малку се знае за неговата историја.

Рим (200 година): Рим имал над 1.200.000 жители. Рим во 1.100 година пред тоа бил само мало италијанско село, а во вториот век во новата ера уживал на врвот на влијанието и развојот. Но, во 200 година градот бил под воена диктатура на Септемиј Север. Рим пораснал до оваа големина бидејќи можел да зима храна и да собира данок од поголемиот дел од Европа и Медитеранот, но тоа се покажало како неодржлива позиција. До 237 година градот имал помалку од 500.000 жители, а црното доба било на повидок на хоризонтот.

Цариград (600 година): Овој град во 600 година водел битка за својот опстанок, од запад надоаѓале номадски Авари и Бугари, додека Персијанците ја преплавиле градската одбрана на исток. Но, метрополата успеала да се спади со помош на своите непробојни ѕидови и својата воена морнарица. Цариград денес е познат како Истанбул. Меѓутоа, веќе до 618 година, поради Персиската војна било десеткувано снабдувањето на градот со жито од Египет и бројот на жителите се намалил на една десетина од бројот на жителите предтходно (околу 600.000).

Багдад (900 година): Во 900 година Багдад бил центар на Златното доба на исламот, но бајката завршила во 1250 година со монголската инвазија. Во Багдад се наоѓала Куќата на мудроста, каде целото светско знаење било препишано на арапски. Багдад така спасил неброени древни текстови од западниот свет. Таа слободна размена на идеи веројатно е она што довело до експлозија на населението. Трговци од целиот свет доаѓале во градот и разменувале земјоделска техника. Резултатот на тоа била арапска земјоделска револуција и научен пристап кон земјоделието кое сеуште се користи.

Каифенг (1200 година): Градот Каифенг бил главен град за големото подрачје на Кина. До 1200 година градот бил опкружен со ѕидини со кои се обидувал да ја надомести својата ранливост. Пропаднал под удар на Монголите како нивна воена жртва, а неговите жители побегнале во 1234 година.

Пекинг (1500 година): Пекинг исто така имал околу милион жители. За да ја нахрани својата растечка популација и големиот број на војници, во 1400 година Пекинг изградил голем магацин за храна која ја зимал како данок од регионот.

Таа пракса помогнала во контролата на цените, па спречила инфлација се додека градот не станал најголем на светот, а неговата побарувачка прераснала во снабдување. Жителите тогаш биле присилени да се греат на дрва од околните шуми, поради што бил променет еко системот на целиот регион.

Ајутаја (1700 година): Уште еден град кој имал милион жители е градот Ајутаја. Бил главен град на Тајланд во 400 година и често се спомнувал како најубав град на светот. Бил толку привлечен што го опљачкале Бурманците, а потоа главен град на Тајланд станал Бангкок.

Лондон (1825 година): Кога го преземал водството меѓу најголемите градови, Лондон имал околу 1.335.000 жители. Во тоа време Британското царство грабало по светот донесувајќи огромно богатство на мал дел на Англија, а во Лондон цветал криминалот. Тоа траело се до 1829 година, кога Владата ја активирала полицијата во полно работно време. Нив денес ги нарекуваме боби, по тогашниот премиер Роберт Пил.

Њујорк (1925 година): Њујорк е модерен град од 1914 година кога се соединил со Бронкс. Градот градел облакодери и планирал да гради уште повисики облакодери. Имал околу 7.774.000 жители. Њујорк продолжил да се развива наспроти Големата депресија.

текстот е преземен од  Независне новине - Бања Лука

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »