Петар Печков
Објавено: петок, 23 декември 2011
Најмалку 30 кривични дела извршиле лицата Џ.Е. (15) од село Согле, Д.Т. (25) од Велес, Т.М. (19) од село Извор, М.З. (18) од село Теово и В.Ѓ (19) од село Ореше како и неколку други лица за кои во тек се мерки за нивно пронаоѓање, за кои постојат основи за сомневање дека заедно ги сториле овие но и други кривични дела, инфомираат од СВР Велес.
Тие сториле кривични дела Тешки кражби и Кражби кои се пријавени во текот на 2011 година, каде предмет на одземање најчесто биле метални предмети, работни машини-моторни пили, апарати за заварување, приколки за автомобили, плугови, моторцикли, нафта и други предмети.
Полицијата извршила претрес во домовите и помошни простории кај повеќето осомничени лица кои живеат на територијата на општина Велес, Чашка и Богомила, а за кои постоеле основи за сомневање дека се можни извршители на кривични дела.
При претресите, пронајдени се поголем број предмети кои во изминатиов период се украдени од различни делови од територијата која ја покрива СВР Велес, пред се од градот Велес и повеќе села на територијата на општина Чашка и Богомила, односно пронајдени се работни машини ,моторни пили, апарат за заварување и поголем број акумалатори.
Во соработка со Полициските станици Прилеп и Крушево, обезбедени се и голем број предмети кои биле продадени на нивното подрачје, приколки за автомобили, моторцикли и друго, а кои се одземени од подрачјето на СВР Велес.
Tweet |