речник контакт

Фатена нова група дрвокрадци на планината Бабуна

Повторно Прилепчани ја оголуваат околината на Степанци

Петар Печков

Викендов на место викано “Црници” атар на с. Степаници и место викано Мукос фатени се  две лица Е.А. и Р.В. двајцата од Прилеп при што им се  одземени  две моторни пили, еден автомобил  марка “лада рива“ кој бил натоварен со помало количество огревно дрво, една секира, еден токмак со сечиво и 6 м3 противправно исечени дабови и букови сурови огревни дрва. 

Во непосредна близина исто така затекнати се уште две лица од Прилеп, Д.Ј. и Ф.Ј. при што од истите одземени се една рачна пила и 5 м3 противправно исечени дабови и букови огревни дрва.  Ова е резултат на акциска контрола  извршена од страна на полициски службеници од Чашка и  Велес, врз основа на посебен план во рамки на оперативна акција “Гора“.

Во акцијата учествувале и службеници на шумската полиција. Пролетва на истиоѕ овој дел, на стариот пат кон Прилеп  кај Степанци, полицијата уапси група четворица прилепчани, кои нелегално ја сечат шумата. При тоа и тогаш најде автомобил лада рива, секири, нелегално исечени дрвја, 

Во друг  случај викендов во велешко, на место викано Гробишта атар на с. Бањица, затекнат е Ф.Б. од с. Горно Јаболчиште а со привремен престој во Бањица како бесправно сече сурово габерово дрво.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »