речник контакт

Фатени двајца од тројцата разбојници кои настрадаа во престрелка

Осомничените скопјани за кражбата на техничка стока вредна пет илајди евра, во притвор ама во болница поради прострелни рани

Петар Печков

Двајца скопјани полицијата ги упаси како осомничени дека се разбојниците кои однесоа техничка стока вредна 5 илјади евра од продавница во Велес. Бидејќи и двајцата беа ранети во престрелка, наместо во Шутка во притвор се во скопската Градска и велешката Општа Болница Ј.К. ( 22 год) и А.Х. ( 26 год ) од Скопје и едно засега непознати лице СВР Велес ги осомничи за тешка кражба и фалсификување на исправи.

Тројцата во понеделникот наутро во 1,10 часот биле видени од полицаец од неговиот дом кој не бил на работа, како  крадат техничка стока од продавница во центарот на Велес. Иако тој ги повикал да сопрат  и ги предупредил дека е полицаец, разбојниците кои биле маскирани продолжиле да носат телевизори и лап топ компјутери по што тој го  употребил службениот пиштол и испукал десетина куршуми во разбојниците кои со автомобилот  се дале во бегство.

Неколку часа подоцна две лица биле згрижени во Градската Болница во Скопје со прострелни  рани, за кои тврделе дека ги добиле од непознат сторител додека биел на некоја забава. Откако полицијата зела крв од местото на грабежот, поради повреда од сторителот додека го кршел прозорот,  и ги споредила со примерокот на двајцата ранети лица, констатирала дека ДНК била идентична со таа на Ј.К. по што против нив поднесе две кривични пријави а за третото лице се трага.

Полицијата го нашла и автомобилот ауди 80 со кои побегнале а кој е регистриран на видео надзор на околните трговски објекти од продавницата која е ограбена. Автомобилот бил пронајден запален на местото каменолом во близина на Скопје, каде е пронајден и еден од украдените лап –топи. При грабежот украдени се осум лап топи и два ЛЦД телевизори.  Истражен судија од Основниот суд во Велес им изрече мерка притвор, но бидејќи и двајцата се повредени при престрелката се наоѓаат под  24 часовна полициска присмотра  А.Х. во болницата во Скопје и Ј.К. во  болницата во Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »