речник контакт

Февруари со натпросечно високи температури

На 15-ти измерени 25 степени. Месецот топол ама врнежи нема

Петар Печков

Високи температури на воздухот кои се движат над просечните од пет до седум степени Целзиусови го карактеризираа месецот што помина. Во февруари годинава се измерени историски максимални вредности на температурата за овој месец во годината.Така во Велес на 15-ти  биле измерени 25 степени а во три дена се измеретни темпратури од 19 степени, на  16-ти и 17-ти и на 2-ри февруари.  

Според информацијата од УХМР, средните месечни максимални и средните месечни минимални температури се значително повисоки од просечните, за 5-8 степени. Тако иако Велес лани доби мерна станица, УХМР не дава  резултати за градот.  Во околината  8,5 во Скопје, 9.3 во Штип, 10.7, во Демир Капија.

Во февруари измереното месечно количество на врнежи е нерамномерно распределено во Македонија. Најмногу врнежи наврнале во Лазарополе и Маврово со вкупно измерена месечна сума од 116 мм, а најмалку во Демир Капија и Гевгелија, 19 мм и 22 мм.

Повисоки вредности на месечната количина на врнежи од просечната се регистрирани во Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Штип и Маврово, а пониски во Берово, Битола, Демир Капија, Гевгелија, Скопје, и Струмица.

Најголемо дневно количество на врнежи е измерено во Маврово од 29 мм на 11-ти овој месец, а максималните дневни количества на врнежи не ги надминуват досегашните многугодишни вредности.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »