Петар Печков
Објавено: вторник, 08 јули 2014
Компанијата „Фероинвест“ е прогласена за супер бизнис-шампион на традиционалниот 30 избор што се одржа на 3 јули во Сараево организиран од страна на Агенцијата за избор на најдобар менаџер и компанија за Југоисточна и Средна Европа.
Кочо Анѓушев, директорот на компанијата, заедно со уште 20-на истакнати бизнисмени од регионот, беше избран за најдобар менаџер од југоисточна Европа за 2014 година.
„За една деценија успеавме да се позициниораме на пазарот во Македонија, но и пошироко како компанија што зад себе има големо портфолио на клиенти и нуди висок степен на квалитет на своите производи и услуги.
Македонската групација „Фероинвест“ е позиционирана како силна компанија во регионот и тоа е уште еден показател дека македонските компании со себе имаат висок степен на квалитет и професионалност“, изјави Кочо Анѓушев.
Во состав на „Фероинвест групација“ се компаниите „Брако“, ЕДС, „Аквават“, Mали хидроелектрани, „Еnergy Maintenance Solutions“. „Фероинвест“ со своите компании и околу 600 вработени е најбрзо растечка групација во Македонија.
Tweet |