речник контакт

Фестивал на античка драма Стоби 2008

Пет претстави од кои две вон конкуренција ќе учестуваат на седмиот меѓународен Фестивал на античка драма „Стоби 2008“ кој ќе се одржи од 24-ти до 30-ти јули.

Петар Печков

Пет претстави од кои две вон конкуренција ќе учестуваат на седмиот меѓународен Фестивал на античка драма „Стоби 2008“ кој ќе се одржи од 24-ти  до 30-ти јули. Организаторот најавува квалитетна програма, а за завршувањето на фестивалот е предвидена најдобрата македонска претстава од минатогодишната продукција „Бегалка“ на штипскиот театар.

Публиката годинава ќе види три претстави во конкуренција за наградите „Афродита“ и сите три се квалитетни и наградувани од земјите од каде доаѓаат. Неколку дена пред почетокот откажаа гостите од Србија, така што ова е понудата за годинава. Таа е во рамките на лимитираниот Буџет на Фестивалот кој изнесува 1,2 милиони денари – изјави директорот на ФАД Драган Миладиновски. Според програмата во конкуренција ќе учестуваат Театарот „Город“ од Долгопрудниј – Московска област Русија со претставата „Лисицата и грозјето“ од Езоп,  потоа „Лисистрата“  од Аристофан на театарот ,,Кабакч?ев,, од Казанлак –Бугарија и ,,Засекогаш љубов,, работена по текст на Григор Прличев а во копродукција на Скрб и утеха и велешкиот театар ЈХ Џинот. За повторно оживување на античкиот театар во локалитетот Стоби ќе се погрижи и претставата „Филип II“ на Петар Темелковски која е вон конкуренција, а за отварањето предвиден е концерт на етно групата „Љубојна“. Сите престави започнуваат во 21 часот а обезбеден е бесплатен превоз и бесплатен влез за посетителите. Органзиаторот верува дека како и минатите години театарот во Стоби ќе биде преполн, бидејќи интерес за фестивалот освен од Велес, има и од соседните Кавадарци, Неготино, Росоман и Градско. Трочленото жиро во состав Јоана Попоска, Зоја Бузалковска и Ивица Џепароски ќе додели четири награди Гран При за најдобра претстава во целост и три поединечни „Афродитa“ за режија, за женска и машка актерска улога.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »