речник контакт

Фестивал на чоколадата во Опатија

Торта долга 15 метри, изедена за еден час

Петар Печков



360 јајца, 30 кг брашно, 20 кг шеќер, 7 кг мигдали, два литри амарето, еден литар рум, 25 кг чоколада беа потребни да се изработи тортата долга 15 метри, за потребите на Фестивалот на чоколада во Опатија. Била  поделена на 15, илјади посетители а изедена за 60 минути. Ја изработиле мајсторите од хотелот Империјал во најмонденското летувалиште на Хрватскиот дел од Јадранот.

Тоа беше централниот дел од тридневниот фестивал на чоколадата одржан овој викенд во Опатија и единствен на Балканот. Главната улица на овој град била претворена во отворена продавница и фабрика за чоколади.

Така секој со своето, Велес пред две седмици беше домаќин на  фестивалот на питата и виното а Опатија на фестивалот на чоколадото.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »