речник контакт

Фејсбук ги предаде авторите на пораките од Спомен Костурницата

Авторите добиле педагошка мерка, час по добро однесување

Петар Печков

ТРМР пишуваше дека кровот од Спомен Костурницата стана  место каде младите од овој дел на градот ги пишуваат нивните љубовни јадови.  Младите за ова нивно ,,дело,, се пофалиле на  социјалната мрежа ,,фејсбук,, поставиле слики со нацртаното а сето тоа било ,,лајкувано,, од нивните другари. Така биле откриени. Надлежните од Народниот Музеј во Велес кој го одржуваат споменикот, знаат за ваквата шаренолика состојба на кровот и  ги знаат сторителите.

Станува збор за основци  од петто и шесто одделение, кои живеат во тој дел на Велес. Тие поставија фотографии како ги цртаат пораките на кровот од објектот, по што лесно беа идентификувани. Бевме во училиштето, ги пријавивме кај директорот, бидејќи станува збор за деца на возраст од 10 до 12 години не можеме друго да сториме. Им беше укажано каква грешка направиле, дека тоа не смеат да го прават на ваков објект. Се надеваме дека повеќе нема да се повтори – вели Марин Клифов раководител на Спомен Костурницата во Велес.

Со доаѓањето на поубавите  пролетни денови но и во очекување на реконструкцијата на кровот на Спомен Костурницата најавена од Министерството за култура, тие ќе ги избришат и овие графити, нацртани со спреј или црна боја.

Овој дел на  градот е собиралиште на младите. Тука се во поголем дел од денот, се дружат, забавуваат и најверојатно во тој младешки занес го сториле ова. Не е добро кога  ваков грандиозен споменик се користи за лични цели, од било кого. Зборува за недостаток на култура и домашно воспитување – велат жителите   први соседи на Спомен Костурницата која е споменик е од највисок национален ранг.

Но потсетуваат дека иако е од такво значење, објектот навечер е во темнина бидејќи не е осветлен, откако во 2010-тата  од крадци беше исечена електроинсталацијата и продадена во откупен центар.   Се памти уште еден бизарен случај поврзан со овој објект од  мај 2009-татата година. Бидејќи објектот е во темнина малолетник силувал 15 годишна девојка а  сексуалниот чин  го снимал со мобилен кој потоа го прикажувал на другарите. Но негрижата и оштетувањето  кон спомениците е присутна и на други  вакви обележја.  Така споменикот на ,,Гемиџиите,,  дело на скулпторот Станко Павлевски, поставен кај мало Мовче,  исто е изгравиран со безброј имиња на лица кои сакале тука покрај Солунските атентатори да стојат и нивните.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »