речник контакт

Физикалното одделение не е повеќе ковид центар

Причина е намалениот број на хоспитализирани пациенти

Петар Печков

Помалку од еден месец беше отворено Физикалното одделение од велешка Болница како ковид центар и истото денес се затвора. Започна со работа на 29-ти јануари,  имаше капацитет од 24 кревети.

„Поради намалување на бројот на хоспитализирани пациенти се затвора ковид одделението на Физикална. Пациентите се префрлаат на Инфективно одделение “ -кажа д-р Елена Левкова Ќулумова.

Според последниот утрински извештај од велешката болница,  кај нив има згрижено 29 пациенти, 17 беа позитивни а останатите со  проблеми од коронавирусот.  На кислородна поддршка се 15 лица.

Пациенти кои се позитивни останува да се згрижуваат во Инфективното одделение кое има 54 кревети додека сомнителните случаи во „Б“ крак од Интерното одделение. 

Последните четири дена, во велешко има поголем број на оздравени отколку нови заразени со ковид-19, според извештаите на Министерството за здравство. До вчера попладне активни беа 224 случаи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »